Македонскиот ракометен првак Металург претрпе убедлив пораз 35-24 од Пари Сен Жермен во седмата рунда од Лигата на Шампиони.


Избраниците на хрватскиот стручњак Лино Червар првите триесет минути им беа достоен ривал за „светците“ кои на одмор заминаа со +2 (16-14).

Моќта и квалитетот домаќините го покажа во вториот дел кога со неколку брзи погодоци го отпишаа Металург од поволен резултат.

Поразот воФрација е петти сезонава за тимот од Автокоманда, кој ја игра најслабата сезона во европската елита.

Мх.П.