Српскиот чувар на мрежата Дарко Станиќ ќе биде дел од тимот на Металург кој ќе му се спротистави на Пари Сент Жермен во првиот натпревар во Лигата на Шампиони.

Станиќ на дуелот со францускиот првак ќе го запиши првиот настап сезонава бидејќи сеуште нема одиграно официјален натпревар.

Долго време се шпекулираше за неговата иднина и заминување од голот на Металург, но против „светците“ тој ќе биде прв избор меѓу стативите.

Мх.П.