Ракометарите на германскиот бундеслигаш Кил се последните патници во фајнлфорот од Лигата на Шампиони.

Пред своите гледачи „зебрите“ со уште една уверлија победа 34-26 над Металург го потврдија пласманот на Ф4.

Сезонава избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар со пласманот во 1/4 финалето го повторија успехот кои за прв пат го направија минатата сезона.

Покрај германски Кил пласман на завршниот турнир во Келн обезбедија Барселона, Веспрем и Флензбург.

Мх.П.