Македонскиот ракометен вицепрвак Металург, денеска, го игра реванш натпреварот од квалификациите за пласман во Лигата на шампионо против унгарски Пик Сегед.
Металург на реваншот (19.00 Алфа тв) отпатува со предност од 10 голови разлика обезбедена во првиот натпревар што се одигра во Скопје. Тогаш Металург славеше со 26:16.
Доколку Металург ја задржи високата предност, Македонија во натпреварувачката 2013/14 година во Лигата на шампиони во ракомет ќе има два претставника.
OhridNews