Без победник 24-24 заврши дуелот помеѓу Металург и Вакер Тун во седмата рунда од групната фаза од Лигата на Шампиони.
Иако сите очекуваа лесна задача за Металург сепак избраниците на Лино Червар прописно ги испотија дресовите за бод против аутсајдерот Вакер Тун.
За швајцарците ова е прв бод сезонава во Лигата на Шампиони, а за македонскиот вицешампион е деветти што ги сместува на втората позиција во групата.
Мх.П.