Македонскиот вицепрвак Металург ремизираше со Динамо Минск 23-23 во претпоследната рунда од ракометната Лига на шампиони.
Бод од гостувањето во Минск донесе крилниот ракометар Гоце Ојлески, кој го реализираше седмерецот по истекот на времето.
За избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар ова беше второ реми во групата, претходно „металурзите“ бодовите ги поделија со Вакер Тун на домашен терен.
Најпрецизен во составот на Металург со пет погодоци беше Ренато Вугринец, четири реализираше Ојлески, а Дарко Станиќ на голот собра 16 успешни интервенции.
Во последната рунда од групната фаза во ЛШ, Металург на домашен терен ќе ја пречека Барселона, која е првопласирана на табелата.
Мх.П.