Македонскиот ракометен првак Металург во четвртфиналето од Лигата на Шампиони за противник го доби тимот на Киелце.


Екипата на Киелце е голем должник на Металург откако сезонава во два наврати успеа да им ја “украде“ победата на “металурзите“ во групната фаза.

Во Скопје “жолтите“ славеа со  23-21 додека на гостински терен Металург долго време водеше, но на крајот одново на победата се радуваше Киелце со 21-20.

Вториот македонски преставник во елитното ракометно друштво Кирил Лазаров и екипата која настапува Атлетико Мадрид во 1/4 финалето ќе се сретнат со Барселона.

Двојките во 1/4 финалето од ЛШ :

Атлетико Мадрид – Барселона

Металург – Киелце

Кил – Веспрем

Флензбург – Хамбург

Металург и Лазаров заедно со Атлетико Мадрид првиот натпревар го играат на домашен терен од 17 до 21 април додека реванш мечевите се од 24-28 истиот месец.

Мх.П.