Во седмата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони македонскиот ракометен првак Вардар го очекува пеколно гостување кај лидерот во групата Барселона.
Првиот натпревар одигран во Скопје меѓу овие две екипи заврши без победник, што ќе биде мотив плус за Кирил Лазаров и дружината.
Гостувањето во Барселона нема по добро да го памети вториот преставник од Македонија, Металург кога загуби со 18 погодоци разлила 35-17.
Дали избраниците на тренерскиот тандем Бошковски – Самсоненко имаат сили нова сензација или ќе бидат торпедирани за ремиот во Скопје.
Вардар по шест одиграни натпревари има две победи, две реми и два порази и со шест бодови се наоѓа на четвртата позиција на табелата.
Мх.П.