Во четвртата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони, Металург на домашен терен ќе го пречека Динамо Минск. Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар се подготвени за мечот, кој како и обично ќе го играат пред полни трибини.
– Не очекува од оние натпревари кои мора да ги добиеме на домашен терен. Екипата на Димано Минск има доста нови ракометари, и тука ја гледам нашата шанса бидејќи сеуште не се воиграни како што сме ние. Но, не треба тоа да не залажува ние да одиграме на едно високо ниво и заедно со публиката да се радуваме на уште победа во ракометна Европа – потенцираше Дејан Манасков.
Дека не е тим за потценување Димано Минска покажа на мечот со Вардар пред своите гледачи кои го доби и му го нанесе единствениот пораз на „црвено црните“.
– Играат добар ракомет и несекојдневна одбранап, плитка, а на моменти многу агресина што резултира со грешки на противникот. Тие тоа го казнуваат преку крилата Рутенка и Нинчевиќ кои секоја позиција ја погодуваат мрежата. Се надевам дека нема да ги повториме грешките од мечот со Барселона и ќе ја забележиме третата победа во Лигата на Шампиони – истакна Лино Червар, тренер на Металург.
Минатата сезона за пласман во најдобрите осум Металург ја елиминираше екипата на Динамо Минск во која настапуваше Павел Атман сега член на тимот од Автокоманда.
Мх.П.