Европскиот вицепрвак Кил со 42-27 го надигра и понижи Металург во петтата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.
Во „Борис Трајковски“ играше само една екипа, а Металург беше бледа сенка од тимот кој некогаш беше тврд орев за големите екипи на домашен терен.
– Гледачите одблиску можеа да видат што е модерен ракомет и како треба да изгледа. Им честитам од срце на ракометарите на Кил за начинот на кој одиграа против нас. Не очекува пауза од клупските обврски и ќе можиме да ги разбистриме нашите глави и да продолжиме понатаму – рече Ванчо Димоски.
Поразот со 42 примени погодоци и најголем во ерата на Металург во натпреварите со европски карактер.
Ohridnews