Ракометарите на Металург го совладаа Вардар во дербито од 6-то коло во Лигата на шампиони со 26:18 и се реваншираа за поразот кој го претрпеа пред десетина дена од лутиот ривал како домаќини. Тогаш Вардар во арената „Борис Трајковски“ славеше со 27:22.

Вардар го доби првото полувреме со 12:10, но во вториот дел на сцена стапи извонредсниот црногорски голман Раде Мијатовиќ, кој ја „спушти ролетната“ на својот гол, а на спротивната страна Мојсоски, Вугринец и Атман ја полнеа мрежата на Вардар.

Со оваа победа Металург е на чекор до пласман во нокаут фазата, а на Вардар му претстојат тешки мечеви за влез меѓу 16-те најдобри во Европа.

Во следното 7-мо коло од ЛШ Металург во Скопје го пречекува последнопласираниот Тун од Швајцарија, а Вардар има тешко гостување кај Барселона.

OhridNews