Ракометарите на македонскиот првак Металург убедливо со 32-14 го совладаа рускиот претставник Санкт
Петербург во 9. коло од фазата по групи во Лигата на шампионите.

По овој триумф избраниците на Лино Червар останаа во трка за втората позиција што носи релативно полесен противник
осминафиналето во ЛШ, во март.

Најпрецизни во тимот на металурзите со по седум гола беа Ренато Вугринец и Наумче Мојсоски. Во последната рунда Металург во спортскиот
центар „Борис Трајковски“ќе го дочека Силкеборг.