Македонските преставници во Лигата на Шампиони, Вардар и Металург обезбедија пласман во ТОП 16 фазата и ќе се натпреваруват во нокаут мечеви.
„Црвено црните“ со победата против Динамо Минск 30-22 завршија работи за нив и за Металург, кој пак претрпе пораз 32-29 од ПСЖ во Франција.
На два натпревари до крајот од групите во ЛШ, Вардар има четири бодови предност од петтопласираниот Динамо, но подобар меѓусебен дуел, а Металург со девет бодови се наоѓа на третата позиција.
Третиот македонски преставник во оваа група, Кирил Лазаров и неговиот тим Барселона се неприкосновени и се првопласирани само со едни реми во осум натпревари.
Мх.П.