Двата дуели на македонските ракометни гиганти Металург и Вардар во Лигата на Шампиони ја разгори цела Македонија. Љубителите на ракометот во Скопје допатуваа од целата земја за да ги проследат двата историски натпревари за мекедонскиот ракомет.

Ниту еден друг град во Европа неможе да се пофали со тоа што го има Скопје, а за тоа говори и фактот оти во двата наврати Европската куќа на ракометот го прогласи за „меч на колото“.

Свој голем придонес за тоа имаат навивачите од двата табора „комити“ и „пирати“ кои со своето навивање заслужија чиста десетка. Но, за да не биде се така „розово“ на трибините се погрижи еден фан Вардар, кој со столче гаѓаше ракометар на Металург.


На теренот сите ракометари гиена за секоја топка и покажаа зошто во Македонија сосема заслужено ракометот го зеде приматот спорт број еден.

Бодовите македонските ракометни гиганти ги поделија откако забележаа победа на „гостински“ терен Металург со 26-18, а Вардар 27-22.

Мх.П.