Откако обезбедија пласман во следната фаза од Лигата на Шампиони, македонските преставници Металург и Вардар во преостанатите два натпревари ќе итаат кон што повисок пласман во групата што би значело полесен противник во 1/8 финалето.
Моментално на табелата во групата лидер е Барселона и не и загрозено првото место додека борбата меѓу екипите ПСЖ, Металург и Вардар ќе биде за втората позиција.
Во претпоследната рунда Лазаров и Барселона можат да одиграат за македонските екипи бидејќи каталонците на домашен терен го пречекуваат францускиот состав.
Металург на гостински терен игра против Динамо Минкс, кој ги загуби сите шанси за пласман во ТОП 16 пак Вардар в недела пред своите гледачи ќе го пречека Вакер Тун.
Мх.П.