Голманското шоу на двоецот Станиќ – Ангелов ја осигура втората победа на македонскиот првак Металург во Лигата на шампиони.
“Металузрите“ го совлада словенскиот првак Горење со 30-23 (13-6), благодарение на одличната игра во одбраната во првиот дел.
– Не очекувавме , но потајно се надевавме на ваков расплет на случувањата во Лигата на шампиони. Свесни сме за нашиот квалитет, одигравме растеретено во Шамбери, а мечот против Горење беше само потврда за тоа – рече Миркуловски по завршувањето на мечот.
Наредниот европредизвик за Металург е гостувањето во Данска, кај Силкеборг.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com