Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар победувајќи го Динамо Минск 33-29 го забележаа третиот триумф во групната фаза од Лигата на Шампиони.
Ракометарите на Металург долго време неможеа да најдат одговор за брзиот центар, кој го играа гостите од Белорусија, а во корист им одеше и лошиот ден на Дарко Станиќ.
Во вториот дел нештата се сменија, Металург ја „легна“ играта и полека почнаа да го „топат“ составот на Динамо Минск во пеколот, кој им го приредија 6000 гледачи во „Борис Трајковски“.
Најпрецизен во составот во Металург беше Наумче Мојсовски со седум голови, по шест реализираа Вугринец и Атман, пет Ојлески додека клучот на победата беше резервниот голман Мијатови, кој имаше шест интервенции кога се кршеше резултатот.
Мх.П.