Ракометарите на Металург, вечерва, во арената „Борис Трајковски“, ќе го одиграат натпреварот од последното коло во Ц групата, во Лигата на шампиони. Противник на македонскиот шампион ќе биде Хамбург, една од најдобрите европски екипи, која година ќе се обиде и да стигна до европската круна.
Натпреварот за Металург е од исклучително значење во борбата за второто место во групата.
Доколку избраниците на Лино Червар останат непоразени тогаш фазата по групи, во елитното натпреварување, ќе ја завршат на второто место зад Хамбург, кој досега нема ниту еден пораз (8 победи и едно реми).
Металург на овој меч ќе биде посилен за Филип Миркуловски, кој поради суспензија го пропушти натпреварот со Висла, кој неговите соиграчи го добија со 20:24.
Хамбург на теренот е предводен од хрватското трио: Дувњак-Лацковиќ- Вори, покрај нив тука се браќата Жил, германските репрезентативци Хенш, Јансен и Краус и данскиот репрезентативец Линдберг, човекот кој на ЕП го постигна победничкиот гол, во последната секунда против Македонија.
Натпреварот Металург-Хамбург ќе започне во 18:30 часот.
“макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com