Избраниците на хрватскиот стратег потешко од очекувањата триумфираа над францускиот преставник во елитата. Длабоко во првиот дел “металурзите“ успеаа да стават контрола врз резултатот. Ракометарите на Металург немаа одговор за расположениот голман на Шамбери кој собра десет интервенции во првиот дел.
Второто полувреме помина во исто темпо, но за разлика од првото нападот се разбуди во домашниот состав. Словенецот Вугринец почна да ја тресе противничката мрежа и стигна до седум голови, Наумче Мојсовски од пенал го постигна првиот погодок додека на голот Станиќ започна со своето препознатливо шоу.
На пет минути до крајот резултатот беше изедначен 20-20. Крилата Манасков и Георгиевски постигнаа три погодоци и донесоа значајни +3(23-20).
До крајот на мечот Шамбери неможеше ништо посериозно да стори и да избегне втор пораз во групната фаза од македонскиот првак.
Во ракометната Лига на Шампиони следува пауза два месеци, Металург на паркетот ќе се врати на 9 февруар во Словенија против Горење Велење.