Гостите рамноправен противник на расположениот тим на Металург беа во првата третина од мечот. Прв во домашниот состав проработе Вугринец, веднаш потоа се разбуди и Наум Мојсовкски кои од минута во минута го зголемуваа водството кое на крајот од првиот дел изнесуваше +4.
Во вториот дел Металург почна да игра со сите расположливи средства. На голот блирираше Станиќ со 16 успешни интервенции. Крилото Манасков и Козлина искомбинираа шест погодоци. Вечерта на вљубениците во ракометот им ја разубавија херојот Вугринец и Златко Мојсовски кога постигнаа погодок со цепелин.
Најпрецизен во составот на Металург со 11 погодоци е Вугринец, Мојсовски застана на оние пет од првиот дел. Одличната вечер на Металург ја комплетираа Манасков и Миркуловски со четири погодоци.
Поради репрезентативните обврски на ракометарите следува пауза во Лигата на Шампиони. Во наредната петта рунда Металург ќе се сретне со Киелце кој е директен конкурент за првото место во групата.