Македонскиот ракометен првак Вардар немаше среќа при ждребката за 1/8 финалето во Лигата на Шампиони и за противник го доби минатогодишниот шампион Хамбург.
Наспроти нив, екипата на Металург го доби она што го посакуваше, а тоа беше данскиот преставник Колдинг за противник во првата фаза од нокаут натпреварите.
Тимот на Барселона каде настапува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров добија данска задача во 1/8 финалето откако им падна Алборг за противник.
Првите натпревари се играат од 19 до 23 март, а реваншите седум подоцна од денот на одигрување на првиот натпревар.
Двојки : Вардар – Хамбург, Алборг – Барселона, Висла – Веспрем, Мотор Запорожје – Кил, Целје – Флензбург, Горење – ПСЖ, Металург – Колдинг, Р.Н. Ловен – Киелце.
Мх.П.