Македонскиот ракометен првак Металург без Дарко Станиќ и Павел Атман во составот ќе настапи против Брест Мешков во втората рунда од групите во Лигата на Шампиони.
Од ваквиот избор на ракометари за дуелот со Брест Мешков се изненадени и самите ракометари.
– Не шокираа со таквата одлука, а не ни дадоа никакво образложение поради што сме изоставени. На ниту еден меч до сега што сум отсуствал не било поради моја волја така е и сега – рече Дарко Станиќ за „Спормедиа“.
На местото од Атман хрватскиот стратег Лино Червар го повика Ренато Вугринец, но и тој нема да патува во Белорусија поради сеуште незаздравената повреда.
Мх.П.