Македонскиот ракометен преставник во Лигата на Шампиони, Металург во четвртата рунда на домашен терен ќе се сретне со рускиот Санкт Петерзбург. Во досегашните три натпревари “металурзите“ забележаа исто толку победи, што ги става во фаворитска улога пред дуелот.


Хрватскиот стратег Лино Червар за мечот со Санкт Петезбург на распологање ќе ги нема  Велко Маркоски и голманот Петар Ангелов кои отпаднаа поради повредa.

Отсуството на овие двајца ракометари особено на Маркоски, кој е незаменлива алка во одбраната треба да го надохнади френетичната атмосфера во салата “Борис Трајковски“.

Мечот се игра во 18 часот.

Мх.П.