Батиновиќ повреда на окото заработи во финишот на натпреварот кога Јурецки стартуваше врз него, а Козлина се пожалил на болки по завршувањето на првиот четвртфинален дуел.
Радосна вест за Червар е брзото опоравување на голманот Дарко Станиќ, но неговиот настап сеуште е неизвесен.
Во првиот дуел одигран во Скопје, Металург претрпе пораз од 27-25, а за пласман во најдобрите четири на “металурзите“ им е потребна победа од три голови разлика или два, но со повеќе од 27 голови.