На нешто повеќе од една недела пред првиот дуел на Металург и Вардар во Лигата на Шампиони управата на клубот од Автокоманда му ја укина суспензијата на Дарко Станиќ.
Српскиот голман заработи суспензија од клубот откако одби да влезе во игра на мечот со Динамо Минск во Лигата на Шампиони и за изјавите дадени после тој натпревар.
Рускиот ракометар во Металург, Павел Атман на настапите за руската репрезентација заработи повреда по која најверојатно ќе го пропушти натпреварот со Вардар, кој се игра на 14 ноември.
Мх.П.