Вечерва, со мечевите од Е, Ф, Г и Х групата ќе стартуваат натпреварите од шестата и последна рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Последната рунда носи пресметка помеѓу Барселона предводена од Лионел Меси и Јувентус предводен од Кристијано Роналдо. Влогот во дуелот на Ноу Камп е првата позиција во групата. Барселона влегува со голема предност, бидејќи во првиот натпревар одигран во Торино славеше со 2-0. На Јувентус му треба победа од три голови разлика, додека на Барселона и одговара и бод.

Сепак, сите очи ќе бидат вперени во групата Х каде Пари Сент Жермен, Лајпциг и Манчестер Јунајтед ќе се борат за првите две позиции во групата. ПСЖ на домашен терен против турски Башакшехир сам си ја крои судбината, додека супер интересен натпревар ќе биде Лајпциг – Манчестер Јунајтед. Германскиот бундеслигаш со победа оди понатаму, додека на „ѓаволите“ им одговара и реми.

  • Двојки:

Група Е: Челси – Краснодар (21ч), Рен – Севиља (21ч)

Табела: Челси 13, Севиља 10, Краснодар 4, Рен 1

 

Група Ф: Лацио – Клуб Бриж (18:55ч), Борусија Дортмунд – Зенит (18:55ч)

Табела: Борусија Дортмунд 10, Лацио 9, Клуб Бриж 7, Зенит 1

 

Група Г: Барселона – Јувентус (21ч), Динамо Киев – Ференцварош (21ч)

Табела: Барселона 15, Јувентус 12, Динамо Киев 1, Ференцварош 1

 

Група Х: ПСЖ – Истанбул Башакшехир (18:55ч), Лапјциг – Манчестер Јунајтед (18:55ч)

Табела: Манчестер Јунајтед 9, ПСЖ 9, Лајпциг 9, Башакшехир 3

OhridNews