Екипите на Пари Сент Жермен и Ливерпул зачекорија кон четвртфиналето во Лигата на Шампиони, остварувајќи победи на терените од противници во првите мечеви од осминафиналето. ПСЖ со 4-1 славеше на Ноу Камп против Барселона, а Ливерпул со 0-2 го совлада Лајпциг.

Нерешлива енигма за каталонците беше Килијан Мбапе, кој постигна три од четирите голови за ПСЖ. „Светците“ најпрво најдоа одговор за водечкиот погодок на Барселона, која предност обезбеди после голот на Лионел Меси. Негативата ја анулираше Мбапе, кој подоцна погоди за 2-1. Кин реализираше за 3-1, а печат на победата стави Мбапе за 4-1.

Избраниците на Јирген Клоп во вистински момент се стабилизираа, одигрувајќи сигурен натпревар против Лајпциг, кој го совладаа со 2-0. Творци на победата беа Мо Салах и Садио Мане. Салах во 53-та минута го отвори резултатот, а само пет минути подоцна Мане зголеми на 2-0.

Мечевите во осминафиналето продолжуваат утре (среда) со натпреварите Порто – Јувентус односно Севиља – Борусија Дортмунд.

OhridNews