Денес и утре, во најеминетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони, ќе се одиграат првите натпреварите од четвртфиналето. Вечерва (21 часот), на програмата се дуелите Манчестер Сити – Борусија Дортмунд односно Реал Мадрид – Ливерпул.

Лидерот на табелата во англиската Премиер лига, Манчестер Сити е изразит фаворит во пресметката со германскиот бундеслигаш, Борусија Дортмунд. „Граѓаните“ сето тоа ќе треба да го потврдат вечерва на „Етихад“ и на реваншот кој ќе се одигра на „Сигнал Идуна Парк“.

Манчестер Сити нема проблеми со повредени и суспендирани фудбалери, додека „милионерите“ имаат неколку фудбалери, кои нема да бидат во можност да настапат вечерва. Во германскиот состав ќе недостасуваат Мукоку, Санчо, Шмелцер, Витсел и Загаду.

Гигантите Реал Мадрид и Ливерпул ќе ги оживеат спомените од финалето во 2018 година кога „кралевите“ славеа со 3-1. „Кралевите“ и „црвените“ во ЛШ гледаат спас на сезоната, затоа што во националните првенства се далеку од борбата за шампионската титула. Ливерпул ќе има повеќе мотиви за победа, со оглед на поразот пред три години во финалето, но свои цели и планови има и Реал Мадрид.

Во здравствениот билтен на Реал Мадрид се наоѓаат Азард, Серхио Рамос и Карвахал, додека во Ливерпул се наоѓаат Гомез, Хендерсон, Келер, Матип, Ориги и Ван Дајк.

  • Двојки:

Манчестер Сити – Борусија Дортмунд

Реал Мадрди – Ливерпул

OhridNews