Вечерва, на терените ширум Европа стартува новата сезона во Лигата на Шампиони. Најелитното клупско натпреварување на стариот континент повторно ќе блесне со сиот свој и ќе приреди мечеви и сезона за уживање.

Главен фаворит за тронот во Лигата на Шампиони според светските обложувалници е англискиот првак Манчестер Сити. „Граѓаните“, предводени од шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола може да се каже дека се убедливи фаворити, но во ЛШ речиси никогаш не излегуваат точни проценките пред почетокот на сезоната.

Втор на листата од букмејкерите се наоаѓа тимот на Барселона. Каталонците имаат пост од четири сезони без трофеј и забележителен успех во ЛШ. Барселона на чело со Меси би требало да не ги повтори грешките од минатите сезони кога испаѓаше во нокаут фазата после добиен меч на домашен терен.

Големата тројка ја комплетира бранителот на трофејот Ливерпул. „Црвените“, минатата сезона на сензационаелен начин ја елиминираа Барселона во 1/2 финалето а без поголеми проблеми се справија со Тотенхем во големото финале. На Ливерпул му лежат европските натпреварувања и е најтрофеен англиски клуб надвор од островот.

Четврти на листата се наоѓа Реал Мадрид. „Кралевите“, од оваа сезона започнуваат нов проект. ЛШ ќе биде вистински испит за Еден Азард и другите играчи кои треба да бидат лидеро на „лос бланкос“. ТОП 5 ги заокружува ПСЖ. Французите минатата сезона се лизнаа на Манчестер Јунајтед, а годинава таква елиминација не е дозволива.

Италијанскиот првак Јувентус е шести фаворит а потоа следуваат Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Тотенхем и Челси. Најмалку шанси за титула му се даваат на Генк.

OhridNews