Европскиот фудбалски првак Манчестер јунајтед одбраната на трофејот ја започнува вечерва на својот “Театар на Соништата“.

Ниту еден освојувач во ЛШ во нејзиното 18 годишно постоење не успеал да го одбрани насловот.

Овогодинешната ЛШ ќе биде побогата за повратникот “Старата Дама“ од Торино. Јуве на Раниери ќе гоима првиот тест против акутелниот освојувач на Уефа и Супер Купот рускиот Зенит.

Уште еден гигант е повратник во ЛШ. Баерн од Минхен по една година пауза се враќа во најелитното друштво.

Деветкратниот европски првак Реал Мадрид походот кон јубилејната 10 титула во елитата ја започнува на „Сантијаго Бернабеу“ против дебитантот БАТЕ Борисов.

Вечерва играат:
Група Е:  Манчестер јунајтед – Вилјареал, Селтик – Алборг;
Група Ф: Стеауа – Баерн Минхен, Олимпик Лион – Фјорентина;
Група Г:  Порто – Фенербахче, Динамо Киев – Арсенал;
Група Х:  Јувентус – Зенит, Реал Мадрид – БАТЕ Борисов.

М.П.