Актуелниот европски првак Манчестер јунајтед и италијанскиот шампион Интер вечерва на „Олд Трафорд“ започнуваат од 0-0 во реваншот од осмина-финалето на фудбалската Лига на шампиони.
Манчестер е во низа од 19 меча без пораз во ЛШ. Ако и овојпат не загуби, ќе постави нов рекорд во елитното натпреварување. Сепак на „црвените ѓаволи“ нема да им одговара реми со погодоци, бидејќи тогаш ќе бидат елиминирани. Јунајтед нема пораз на „Олд Трафорд“ во ЛШ на последните 18 меча.
Најголем адут на Интер е тренерот Жозе Мурињо. португалецот досега има 13 меча против Манчестер и загубил само еднаш. Има по шест победи и шест реми. Тој еднаш го елиминираше Манчестер од нокаут-фазата. Во 2004 година како предводник на Порто, Мурињо одигра 1-1 на „Олд Трафорд“ доволно за елиминација на големиот противник.
Среда, 11 март:
20:45ч Порто – Атлетико Мадрид (прв меч 2:2)
20:45ч Барселона – Олимпик Лион (1:1)
20:45ч Манчестер Јунајтед – Интер (0:0)
20:45ч Рома – Арсенал (0:1).