Елиф Елмас го доби репрезентативниот дерби дуел со Дарко Велковски, откако Наполи на гостински терен кај Ријека славеше триумф 2-1.

Натпреварот од третата рунда во Лигата на Европа добро започна за Ријека која со голот на Муриќ во 13-та минута поведе 1-0. На „азурите“ од Неапол им беа потребни 30-тина минути да се соземат и израмнат резултатот. Стрелец на голот беше Деме. Одлуката за победникот падна во 62-та минута, кога Браут ја затресе сопствената мрежа. Наполи до крајот го задржа минималното водство и ги освои трите бодови.

Елмас кој го започна натпреварот од игра излезе во 59-та минута, додека Велковски на теренот помина 90 минути.

  • Резултати:

Група А: Рома – Клуж 5-0, Јанг Бојс – ЦСКА Софија

Група Б: Рапид Виена – Дундалк 4-2, Арсенал – Молде

Група Ц: Хапоел Беер Шева – Баер Леверкузен 2-4, Славија Прага – Ница 3-2

Група Д: Бенфика – Глазгов Ренџерс 3-3, Лех Позњен – Стандард Лиеж 3-1

Група Е: Омонија Никозија – Гранада 0-2, ПАОК – ПСВ 4-1

Група Ф: Реал Сосиедад – АЗ Алкмар 1-0, Ријека – Наполи 1-2

OhridNews