Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп на средбата со медиумите во пресрет реванш натпреварот со Барселона од 1/2 финалето во Лигата на Шампиони соопшти лоши вести. Германскиот стручњак изјави дека „црвените“ на дуелот на Енфилд ќе настапат без Роберто Фирмино и Мо Салах кои за составот нема да конкурираат поради повреда.
Салах се повреди на натпреварот со Њукасл при воздушен дуел со противничкиот голман, додека Фирмино подолго време мака мачи со повредите. Првиот полуфинален натпревар и припадна на Барселона која славеше со 3-0 на Ноу Камп.
- Не чека тешка работа на мечот со Барселона, бидејќи негативата ќе ја бркаме без двајца од нашите тројца најдобри напаѓачи. Ситуацијата воопшто не е наша страна, но тоа што е одиме да победиме и обезбеди пласман понатаму. Само со таков пристап можеме да се надеваме на чудо, бидејќи ќе ни биде потребно да ја победиме Барселона. – изјави Клоп.
Натпреварот на Енфилд се игра во вторник (утре) со почеток во 21 часот.
OhridNews