Европскиот вицешампион, Ливерпул е последниот учесник во 1/4 финалето на Лигата на Шампиони. Црвените од Енфилд, по втор пат го совладаа Италијанскиот шампион, Интер овај пат со 1-0. Она што не успеаа да го сторат Круз и Ибрахимович, го направи Торес во 63 мин закопувајќи ги сите надежи на нероазурите.
По завршувањето на мечот на прес конференцијата Роберто Манчини ја шокираше јавноста, најавувајќи го напуштањето на Миланскиот клуб. – Наредните два месеци ќе бидат моите последни на клупата на Интер. Оваа одлука ја имав донесено од поодамна и нема никаква врска со поразот од Ливепрул – заврши Манчини.
Ждребката за 1/4 финалните двојки е во Петок во 13 часот. При жредбот нема привилегирани екипи па голема е веројатноста во 1/4 финалните пресметки да се сретнат меѓу себе англиски преставници.
Во 1/4 финалето пласман обезбедија Ливепрул, Мaнчестер, Арсенал , Челси, Барселона, Рома, Шалке и Фенербахче. Првите натпревари се играат на 1 и 2 Април, додека реванш мечевите се играат на 8 и 9 Април.