Тимот на Ливерпул на дело покажа и докажа зошто е Европскиот шампио, лидер во Премиер лигата и моментално еден од најдобрите клубови во светот. „Црвените“, во одлучувачкиот меч во шестата рунда од Групата Е на гостински терен го совладаа Салзбург со 2-0 (0-0) и го заверија билетот за осминафинале. Друштво на англичаните ќе му прави Наполи кој на домашен терен славеше со убедливи 4-0.

Ливерпул на австрискиот првак му пресуди во две минути. Наби Кеита во 57-та минута погоди за 1-0, а во следната минута Мо Салах зголеми на 2-0. Домашните фудбалери иако се созедоа од шокот, не успеаја да постигнат погодок и да го ублажат поразот.

Екипата на Наполи на крилата од Аркадиус Милик го преслушаа белгинкиот претставник во ЛШ, Генк. Полскиот фудбалер постигна три од четирите погодоци. Милик хет трикот го реализираше во првото полувреме. Печат на победата стави Дрис Мертенс.

Ливерпул како првопласиран, а Наполи како второпласиран патуваат во елиминациските натпревари, додека Салзбург ќе продолжи во Лигата на Европа.

OhridNews

Специјална понуда во „La Fabrique“ за мечевите од Лигата на Шампиони