Екипите на Ливерпул и Тотенхем ги искористија домашните терени забележувајќи победи над Порто (2-0) односно Манчестер (1-0) во првите мечеви од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.
Творец на победата на Тотенхем беше Хонг мин Сон кој ја затресе мрежата на Едерсон во 78-та минута, но херој е Хуго Лорис. Францускиот чувар на мрежата во 13-та минута успеа да го одбрани ударот од белата точка на Серхио Агуеро. Мала дамка на победата на Тотенхем остави повредата на Хари Кејн. Голгетерот со поткринување и со помош од лекарите влезе во соблекувалните.
Фудбалерите на Ливерпул победата и капиталната предност ја најавија со погодокот на Наби Кеита во 5-та минута од натпреварот. Во 26-та минута Роберто Фирмино го зголеми водството погодувајќи ја мрежата на Икер Касилјас. Темпото до крајот на мечот не опадна, но стрелците не успеаја да постигнат уште еден погодок.
Возвратните натпревари се играат на 17 април. Првата фаза од четвртфиналето ќе се комплетира со дуелите помеѓу Манчестер Јунајтед – Барселона односно Ајакс – Јувентус.
OhridNews