Третиот натпревар од трилогија Ливерпул- Арсенал вечерва мора да има победник. Во 201 првата пресметка помеѓу Премиер лигашите Арсенал и Ливерпул, црвените ќе влезат со мала предност, бидејќи ќе игра на домашен терен и му одговара и реми без голови. На евросцената Ливерпул е многу поуспешен и досега има освоено пет титули во елитното натпреварување, додека Арсенал може да се пофали само со едно финале. 
Еден од клучните играчи на Арсенал, Сеск Фабрегас очекува „пеколна“ атмосфера. – Навивачите се 12. играч на Ливерпул. Неверојатно е каква атмосфера може да направат – вели Фабрегас.  

Челси ќе брка негативата од 2-1 против Фенербахче за да стиген до англиско полуфинале.
Повеќе од две години Челси нема пораз на Стемфорд Бирџ во сите натпреварувања. Фенербахче е добар тим со добар тренер. Нема да биле лесно, но знам дека ќе победиме. Имаме квалитет да победиме секого – вели тренерот на Челси, Аврам Грант.

Фенербахче ќе се обиде да стане првиот турски тим кој ќе се пласира меѓу четирите најдобри во ЛШ.