Дерби средбите помеѓу Интер – Барселона, Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд и Наполи – ПСЖ и гостувањето на Ливерпул во Белград ќе бидат во фокусот во вечерашните мечеви во рамките од четвртата рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони.

„Неро-азурите“ на домашен терен ќе бараат начин да се справат со разиграната Барселона. Каталонците полека влегуваат во ритам и покажуваат зошто се вбројуваат помеѓу потесните кандидати за освојување на титулата. Интер во првиот меч изгуби 2-0, а предноста на домашен терен и распродадениот стадион сигурно ќе биде поголема мотивација за поволен резултат.

Составот на Борусија Дортмунд е еден од ретките клубови кој може да се пофали со убедлива победа над Атлетико Мадрид. „Милионерите“ во Германија славеа со високи 4-0, а „јорганџиите“ се екипа која ретко заборава. Диего Симеоне ќе ги мотивира до небо своите играчи и лидерот во Бундес лигата ќе биде на вистински тест на Ванда Метрополитано стадионот.

Во Б групата четвртата рунда ќе даде некоја насока каде и како ќе се одвиваат работите. Црвена Ѕвезда во Белград го пречекува тимот на Ливерпул кој е лидер во групата. „Црвено белите“ во првиот меч на домашен терен ремизираа со Наполи 0-0, а се надеваат на нов поволен резултат. „Светците“ на гостувањето кај Наполи немаат премногу опции, бидејќи се наоѓаат на третата позиција и заостануваат во однос на „азурите“ и „црвените“. Францускиот шампион предводен од дузина ѕвезди во трите мечеви од првата етапа успеа да ја победи Ѕвезда, извлече реми на домашен терен со Наполи и претрпе пораз од Ливерпул.

Двојки:

Група А: Монако – Клуб Бриж (18:55ч), Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд (21ч)

Табела: Борусија Дортмунд 9, Атлетико Мадрид 6, Монако 1, Клуб Бриж 1

 

Група Б: Интер – Барселона (21ч), Тотенхем – ПСВ Ајндховен (21ч)

Табела: Барселона 9, Интер 6, Тотенхем 1, ПСВ Ајндховен 1

 

Група Ц: Црвена Ѕвезда – Ливерпул (18:55ч), Наполи – ПСЖ (21ч)

Табела: Ливерпул 6, Наполи 5, ПСЖ 4, Црвена Ѕвезда 1

 

Група Д: Порто – Локомотив Москва (21ч), Шалке – Галатасарај (21ч)

Табела: Порто 7, Шалке 5, Галатасарај 4, Локомотив Москва 0.

OhridNews