Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен и францускиот дрим тим Пари Сент Жермен ќе се судрат во финалниот натпревар од завршниот турнир во Лигата на Шампиони.
„Баварците“ на „светците“ во големото финале им се придружија после триумфот над Лион 3-0 (2-0) во полуфиналето, кое се одигра на стадионот од Спортинг Лисабон.
Нерешлива енигма за Лион беа голманот на германците Манеул Нојер и Серж Гнабри. Тандемот на „баварците“ буквално му пресуди на Лион кој имаше фантастични резултати во нокаут фазата елиминирајќи ги Јувентус и Манчестер Сити.
На почетокот од натпреварот Нојер беше несовладлив, а, награда за неговите одбрани стигна преку Гнабри кој погоди за 1-0 во 18-та минута. После нешто повеќе од половина час игра, Баерн Минхен зголеми на 2-0. Стрелец повторно беше Гнабри. Лион притисна и креираше шанси, но секогаш на место беше Нојер кој не дозволи погодок во својата мрежа. Печат на победата и пласман во финалето стави Роберт Левандовски со гол во 88-та минута.
Финалето од Лигата на Шампиони се игра в недела на 23 август во 21 часот.
OhridNews