Мечот на сезоната за македонскиот ракометен шампион Металург, в сабота ќе донесе пишување на нова клупска историја. Можност да се пласираат меѓу осумте најдобри тимови во европската Лига на шампионите е реалност. Металург има три гола предност по првиот меч во Минск, против Динамо (26-23). Тоа не даваат гаранција дека лесно ќе се стигне до вкупниот триумф. Но, секогаш кога требало, „металурзите“ давале сж од себе и ја исполнувале целта.
– Малку сум загрижен. Не се плашам, ама не ми е сеедно. Сите мислиме дека во Минск заврши и второто полувреме од овој двобој, но тоа беше само прв дел од битката. Ние сж уште мислиме дека реваншот ќе биде лесен. Тешко некој да ме увери дека екипа која има 13 странци од 5 земји и која е државен проект, која рамноправно играше со Барселона, уверливо го победи Берлин, Загреб дека туку така ќе се предаде. Во тоа не можам и не верувам – вели Лино Червар, тренерот на Металург.
Според него противникот можеби ќе направи некои промени во играта и составот, но сепак клучот го има екипата од Автокоманда. Од нив зависи како ќе заврши средбата в сабота во полната сала „Борис Трајковски“.
– Клучот на победата е да бидеме упорни, трпеливи, тактички да бидеме дисциплинирани, исто како во Минск. Мене тоа таму ме воодушеви. Само така може да се игра на вакви средби. В сабота не е важно убаво да играме. Битен е резултатот – смета Червар.
извор : “Дневник“