Мечот од групата Ф помеѓу Лил – Валенсија ќе во води најдобриот македонски арбитар Александар Ставрев.

За судијата со знакот на ФИФА ова е трет натпревар сезонава во Лигата на Шампиони. Претходно Ставрев заедно со помошниците ги судеше мечевите БАТЕ Борисов – Баерн Минхен и Јувентус – Нордсјеланд на кои домаќините славеа победи.

Помошници на Ставрев в среда ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Позади головите ќе бидат Горан Спиркоски и Димитар Мечкаровски додека четврти судија ќе биде Душко Милошески.

Мх.П.