Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и неговата екипа Атлетико Мадрид обезбедија пласман во финалето. “Јорганџиите“ во полуфиналниот дуел совладаа “милионскиот проект“ на Данска, Копенхаген 25-23. Македонскиот репрезентативец Лазаров со 11 погодоци беше најефикасен на мечот. 


На листата на стрелци, Лазаров со 92 голови е на втората позиција. Со два повеќе на првата позиција се наоѓаат Микел Хансен и Златко Хорват. Четврти со 88 голови е противникот на Лазаров за златниот медал во финалето чехот Филип Јиха.

Македонската седмица Лазаров е апсолутен рекордер по постигнати голови на Светско првенство. На последниот континентален собир, Лазаров се закити со титулата најдобар стрелец.

Мх.П.