Капитенот на македонската ракометна репрезнтација Кирил Лазаров со шест погодоци беше најдобар стрелец во убедливата победа на Барселона против Вакер Тун 45-26.

Ракометарите на Барселона во втората рунда ја забележаа првата победа во групната фаза од Лигата на Шампиони откако во првото ремизираше со Вардар во Скопје.

По шест погодоци колку и Лазаров постигнаа Карабатиќ и Страновски, Арињо реализираше четири, а Томас три во убедливиот триумф против Швајцарскиот првак.

Мх.П.