Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров ќе биде подготвен за настап на реванш мечот против Барселона во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.

Во првиот натпревар Лазаров беше клучна фигура во триумфот 25-20 со шест голови, а мечот го заврши предвреме откако го повреди левиот бутен мускул.

Лазаров го пропушти дуелот со Арагаон во АСОБАЛ лигата поради дополнителни тестови за неговата повреда.

Покрај леворакиот “бомбардер“ на повреда после дуелот со Барселона се пожали и Гарсија Парандо, но се очекува двајцата да бидат фит за мечот на сезоната на Атлетико Мадрид.

Мх.П.