Македонскиот “бомбардер“ во дресот на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров доби “заслужен“ одмор. Легендарниот шпански ракометар, сега тренер на “јорганџиите“ Талант Душебаев го изостави Лазаров од спискот на патници за мечот со Веспрем во Лигата на Шампиони, а на него се најдоа и француските интернационалци Абало и Динар.
Атлетико Мадрид по одиграни девет рунди, ја осигура првата позиција со седум победи и две реми, мечот со поранешниот клуб на Лазаров, Веспрем ќе биде чиста формалност.
Капитенот на “фалангата“, Кирил Лазаров со 59 погодоци е 4-та позиција кај стрелците, шест помалку од водечкиот Франтишек кој ги брани боите на унгарскиот Пик Зегед. Со 56 погодоци на шестата позиција се наоѓа левиот бек на Металург, Наумче Мојсоски.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com