Капитенот на македонската репрезетанција и член на Барселона, Кирил Лазаров е дел од „дрим тимот“ од Лигата на Шампиони за сезонава што изминува.

Лазаров во гласањето на официјалната страна на ЕХФ освои 42 проценти од вкупниот број на гласови.

Покрај македонскиот репрезентативец во „дримот тимот“ се најде и ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров.

Тимот на сезоната во ЛШ :

голман – Никлас Ландин (Рајн-Некар)

лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)

среден бек: Микел Хансен (ПСЖ)

десен бек: Кире Лазаров (Барселона)

десно крило: Лук Абало (ПСЖ)

пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем)

голман: Никлас Ландин (Рајн-Некар)

дефанзивец: Тимушин Шуч (Веспрем)

Мх.П.