Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров и неговата екипа Атлетико Мадрид на домашен претрпеа пораз од Веспрем 27-26.

Атлетико Мадрид во текот на целиот меч имаше негатива. Во последните минути од натпреварот “јорганџиите“ стигнаа до егал, но Лазаров не успеа да реализира удар од седум метри. Во следниот напад Наѓ го постигна победничкиот гол за унгарците.

Поразот од Веспрем е втор за Атлетико Мадрид во групната фаза од Лигата на Шампиони.

Мх.П.