Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров со Атлетико Мадрид се пласираше во финалето од ракометната Лига на Шампиони.


Лазаров со 11 гола од 15 обиди го предводеше Атлетико до триумфот над Копенханем со 25-23 (12-15)

На стартот на мечот “црвено-белите“ имаа предност, за да потоа данците ја превземат играта и имаа предност се до последниот квартал од мечот.

Македонскиот интернационалец во миговите кога шпанците го бркаа резултатот постигна серија голови која ги одржа во живот. Откако направија пресврт, “мадриѓани“ не попуштија и ја задржаа предноста.

Противник на Атлетико во финалето е германскиот Кил. Мечот се игра утре од 18 часот.

М.П.