Фудбалерите на германскиот бундеслигаш Лајпциг го скршија мразот за гостите во 1/8 финалните натпревари во Лигата на Шампиони победувајќи го Тотенхем со 1-0 (0-0) во Лондон, додека Аталанта продолжи со импозатните игри и пред своите навивачи на „Сан Сиро“ со 4-1 (2-0).
Лајпциг максимално ја искористи приликата против десеткуваниот Тотенхем, кој мечот во Лондон го одигра без класичен шпиц. Германците ја погодија стативата уште во првата акција и наговестија позитивни работи. Погодокот за победа го постигна Тимо Вернер. Тој биеше прецизно од белата точка во 58-та минута.
Аталанта продолжува со добрите партии во ЛШ и покажа дека нема никакв аутсајдер во елиминациските натпревари. Италијаните, ја растурија Валенсија во буквална смисла на зборот и само поради гостинскиот погодок во поразот од 4-1 имаа „какви такви“ шанси за пласман во ТОП 8.
Европските мечеви на стариот континент продолжуваат со 1/16 финалните натпревари од Лигата на Европа.
OhridNews