Европскиот вицепрвак Пари Сент Жермен падна на колена на гостувањето во Германија, претрпувајќи пораз од Лајпциг 2-1 во рамките од третата рунда во Лигата на Шампиони.
„Светците“ се имаа во свои раце и вината за поразот треба и мора да ја бараат исклучиво во своите редови. ПСЖ поведе во 6-та минута со голот на Анхел ди Марија. Истиот фудбалер десеттина минути подоцна имаше златна прилика, но ударот од белата точка не го претвори во погодок. Казната стигна на спротивната страна. Лајпциг Во 42-та минута изедначи со голот на Нкунку. Комплетниот пресврт домаќините го комплетираа во 57-та минута кога Форсберг погоди од белата точка.
Сите овации и честитки во третата рунда одат на сметка на Севиља. Составот од Андулузија режираше пресврт каков што ретко се гледа во светскиот фудбал. Фудбалерите на Краснодар со 0-2 стекнаа водство со головите во Сулејманов и Берг во 17-та односно 21-та минута. Во финишот од првиот дел Севиља намали на 2-1 преку Ракитиќ, но остана со фудбалер помалку после црвениот картон на Хесус Навас. Херој на Севиља е Ен Нусери кој во 69-та и 72-та минута ја затресе мрежата на противникот за 3-2. До крајот Севиља издржа и забележа фантастичен триумф.
Резултати:
Група Е: Челси – Рен 3-0, Севиља – Краснодар 3-2
Табела: Челси 7 бодови, Севиља 7, Краснодар 1, Рен 1
Група Ф: Зенит – Лацио 1-1, Клуб Бриж – Борусија Дортмунд 0-3
Табела: Л Борусија Дортмунд 6 бодови, Лацио 5, Клуб Бриж 4, Зенит 0
Група Г: Барселона – Динамо Киев 2-1, Ференцварош – Јувентус 1-4
Табела: Барселоан 9, Јувентус 6, Динамо Киев 1, Ференцварош 1
Група Х: Башакшехир – Манчестер Јунајтед 2-1, Лајпциг – ПСЖ 2-1
Табела: Манчестер Јунајтед 6, Лајпциг 6, ПСЖ 3, Башакшехир 0
OhridNews